На 19.02.2024 во 16 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Д.С.(28) од Кавадарци. Тој се сомничи дека претходно извршил кражба во паркирано патничко возило „цитроен“ со светиниколски регистарски ознаки, сопственост на Е.К.(27) од Кавадарци, при што одзел повеќе предмети. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. Д.С. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.