Господинот Али Ахмети има мисија и тој не е претендент за функција, па затоа мислам дека нема да прифати да биде кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, изјави техничкиот премиер Талат Џафери.
– Нема потреба тој да покажува кој е и што е после 50-годишен придонес за оваа држава и за граѓаните на оваа држава. Така што, негова мисија е Европа и Европската Унија. Тој треба да продолжи да работи на својата мисија. Не мислам дека приоритет му е натпреварување за некоја функција. Ако сакал функција за себе, тој би можел да биде сѐ што посакал во изминатите 22 години – изјави Џафери.
Вчера и министерот Артан Груби во интервју за „360 Степени“ рече дека сѐ помали се шансите Али Ахмети да биде кандидат за претседател.