Лидерот на Алијанса за Албанците и кандидат за претседател Арбен Таравари во настап на ТВ21 порача дека само актуелниот претседател Стево Пендаровски би можел да го предизвика на претстојните избори.
– Зависно од кампањата, реално и според анкетите, само Пендаровски би можел да нè предизвика во првиот круг, за тоа кој ќе влезе во вториот, одлучувачки круг – рече Таравари.
Тој додава дека врз база на анкетите ВМРО ДПМНЕ е многу понапред со рејтингот.
Како што е најавено, Арбен Таравари од Алијанса за Албанците ќе биде кандидат за претседател на државата од Здружената албанска опозиција под име „Вредности“.