НСДП: ВМРО -ДПМНЕ ПРЕКУ МИНИСТРИТЕ ГО ВОСКРЕСНА „МВРО“

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Владеењето на ВМРО-ДПМНЕ се карактеризираше со трите „П“: пендрек, пари и пропаганда.
Не поминаа повеќе од дваесеттина дена откако ВМРО-ДПМНЕ партиципира во преодната Влада и веднаш го земаа првото П – ПЕНДРЕКОТ.
Мицковски преку личниот адвокат, а сега министер за внатрешни работи го воскреснува МВРО.
Матрицата на делување на МВРО-ВМРО останува иста, не им беа доволни седум години за да се реформираат.
Со вчерашниот настан личното обезбедувањето на Мицковски демонстрираше насилие и надмоќ врз службено лице вработено во МВР.
Седум години со широк општествен и институционален консензус и со подршка од меѓународните партнери се направија голем број на реформи за професионализација на безбедносните служби, а само преку еден настан МВРО покажаа како се рушат стандардите и системот.
НСДП го осудува ваквото непрофесионално однесување на блиските луѓе околу Мицковски и очекуваме да поднесат одговорност.
Граѓаните ќе ценат каква иднина сакаат, дали сакаат професионални институции или враќање на МВРО-ВМРО.

Share This Article