ВМРО-ДПМНЕ е голем фаворит за следните парламентарни избори коишто ќе се случат за нешто повеќе од 2 месеци, некаде околу 44-45 дена имаме до почеток на кампањата за првиот круг претседателски избори – рече претседателот на ВМРО-ДМНЕ Христијан Мицкоски во денешното гостување во емисијата „Здраво Македонијо” на Канал 5 телевизија.
Според него, соодносот на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во анкетите е повеќе од 2:1 во корист ан ВМРО-ДПМНЕ со тенденција да биде уште поголема, односно 2,5 спрема 1.
– Сега во моментов од последните февруарски анкети, јас многу како човек и инвестирам и им посветувам внимание на тие бројки, бидејќи вие мора да имате некаква навигација какви политики треба да водите покрај тоа што го слушате гласот на народот. Тој глас на народот е практично прикажан преку тие бројки на мерењата на јавното мислење. Од тие бројки се гледа дека едно огромно мнозинство 3/4 од луѓето се незадоволни од квалитетот на животот и мислат дека Македонија се движи во погрешна насока и дека треба да има промени. Бројот на граѓаните кои се задоволни е едноцифрен, скромно едноцифрен број на задоволни – потенцираше Мицкоски.
Во текот на своето гостување претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски посочи дека потешкиот дел допрва доаѓа.
– Но, тоа е само полесниот дел, јас би рекол во целата оваа политичка состојба, затоа што потешкиот дел доаѓа потоа, бидејќи од тоа што можеме да го видиме на тие анкети, граѓаните се прилично разочарани. Сите се сложуваат околу една работа, дека немаме повеќе држава, сите се сложуваат дека имаат чувство дека како да се граѓани од втор ред, сиромашно и тешко живеат – кажа Мицкоски.