More

    Конфискувана луксузна трикатница на познат криминалец

    spot_img

    По налог на албанското Специјално обвинителство против организиран криминал и корупција (СПАК), и еден од најубавите комплекси во северниот албански град Скадар се најде меѓу другите досега запленети имоти, станови, хотели, вили, автомобили и банкарски сметки стекнати од криминални активности.

    На барање СПАК, со судска одлука е одземена трикатницата, која вклучува бар-ресторан-хотел, со вкупна површина од 900 квадратни метри.

    Според сликите на Интернет, трикатната зграда позната како „Езерскиот принц“ е изградена на врвот на карпа на брегот на Скадарското Езеро. Со прекрасен поглед на целата околина, „Езерскиот принц“, сопственост на Гезим Цафи, сега ѝ припаѓа на државата, објавија медиумите.

    Цафи пред неколку години бил предмет на акцијата „Сила на законот“ која започна низ цела Албанија, каде од експонентите на подземјето се бараше да го оправдаат своето богатство. Браќата Гезим и Бледар Цафи се познати како моќни и влијателни луѓе во Скадар, осудувани дома и во странство.

    „Во рамки на истата акција, неодамна во градот Лежа, албанските власти блокираа банкарски сметки вредни 5,2 милиони евра и 7 стана на поранешен началник на албанските полициски оперативни сили и на неговите роднини, а пак, деновиве, беа конфискувани 1.130 квадратни метри (станови и деловен простор) вкупно вредни милион евра“, додаваат медиумите.

    Неодамна, албанскиот министер за внатрешни работи Таулант Бала нареди забрана за продажба на запленети имоти, стекнати од криминални активности, кои се проценуваат на десетици милиони евра. Албанската и косовската полиција сега користат хотел запленет во приморскиот град Валона за рекреација и за обуки, а 2 блиндирани возила беа вклучени во полициската колона задолжена за безбедноста на американскиот државен секретар Ентони Блинкен, при посетата на Тирана на 15 февруари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img