За премиерот препораката на Советот не Европа не важи!

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Техничкиот премиер Талат Џафери денеска изјави дека „законите се донесени и приказната е затворена“, одговарајќи на новинарско прашање во однос на препораката на Советот на Европа за отповикување на Законот за амнестија од 2011 и процесирање на четири Хашки случаи.

– Веќе дадов одговор за тоа дека е завршена работа во контекст на она што е законодавство и состојбата во државата. Завршена е таа приказна, законите се донесени, изјави кратко Џафери одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Студентскиот дом во Тетово, придружуван од министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

Партијата Демократски сојуз до Уставниот суд во петокот поднесе иницијативата за отстранување на правните пречки со што ќе може да продолжи постапката по четирите Хашки случаи – „Водство на ОНА“, „Липковско Езеро“, „Гробницата Непроштено“, и „Мавровски работници“.

Со иницијатива на лидерот на ДС, Павле Трајанов, се бара поништување на Автентичното толкување на член 1 од Законот за амнестија, со кое се запре постапката за четирите Хашки случаи.

Според Трајанов, ова толкување е спротивно на Уставот, Кривичниот законик и на Женевските конвенции, со кои е дефинирано дека злосторствата против цивилите не застаруваат.

Share This Article