ПОЕВТИНА СТРУЈА ЗА 5% И 40% ПОЕВТИНО ПАРНО

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Slovenija, Tacen, 25.10.2022, 25. oktober 2022 Elektrièni daljnovodi, elektrika, energija, energetika, podražitve, cene na trgu, kapitalizem, žice, Foto:Žiga Živuloviè jr./Bobo

Најмалку 5 отсто пониски сметки за електрична и 40 отсто пониски сметки за топлинска енергија ќе добијат граѓаните со изградбата на стратешкиот инвестициски проект на „Митилинеос“ – когенеративна гасна централа во зоната „Енергија Скопје“. Јован Деспотовски, првиот човек на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, вели дека со договорот кој е во собраниска процедура, граѓаните добиваат гаранција дека во следните 20 години ќе имаат стабилен извор на електрична и топлинска енергија и предвидливи цени.

– Пониски сметки за струја за сите граѓани на државата, пониски сметки и до 40 отсто за парно и значително поздрав воздух за моите сограѓани од Скопје се директни придобивки од овој проект. Дополнително тука се 120 до 150 милиони евра коишто ќе влезат во државниот буџет по основ на данок на добивка, придонеси, царини и други давачки. Околу 250 директни и индиректни работни места за македонските граѓани, како и дополнителни најмалку 300 работници коишто ќе се ангажираат во фаза на изградба на централата. Сето тоа се плати, и тоа добри плати за македонските граѓани – вели Деспотовски.

Цената на топланите што ја одредува РКЕ во моментов се прилагодува на месечно ниво според барањата на ТЕ-ТО. Експерите посочуваат дека за време на викенди, ТЕ-ТО самостојно одлучува дали ќе работи или не во зависност од цената на струјата. На тој начин товарот паѓа на ЕСМ којшто е принуден да ги зголеми трошоците за да произведе доволно топлина. Со овој досегашен пристап, граѓаните на Скопје воопшто не се заштитени, односно во најголема мера зависат од проценките на ТЕ-ТО.

Клучната разлика меѓу увезената електрична енергија и струјата произведена на територијата на Северна Македонија се трошоците за преносните капацитети кои се плаќаат за таа да стигне до земјава. Оттука договорот за изградба на когенеративната гасна централа на „Митилинеос“ и откуп на струјата што ќе ја произведува значи дека таа ќе биде најмалку пет проценти поевтина.
– При увоз, цената на берзата е одредена од гасните електрани. На пример, освен што треба да се купи на берзата во Унгарија, таа струја треба и да се донесе во земјава, а тоа значи плаќање преносни капацитети во неколку држави, гранични капацитети и маржи на трговците. Електричната енергија што се произведува во Скопје од самиот почеток има основа да биде поевтина само доколку се гледаат овие надоместоци – вели Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Во сегашни услови, повеќе од 30 отсто од потребите за електрична енергија државата ги задоволува преку увоз или од приватни субјекти. Во 2022 година, на пример, беа исплатени над 400 милиони евра за увоз на електрична енергија. Моментно, ЕСМ ја продава струјата на „ЕВН хоме“ по цена од 58 евра за мегават-час. Цената, пак, од стратешките партнери ќе биде 55 евра за мегават-час.

Дополнително, струјата што ја произведува РЕК Битола е добиена од јаглен. Ова производство ќе поскапи поради данокот на ЦО2 од Европската Унија од околу 70-80 евра за мегаватчас. Со сегашните цени, тоа би значело дека цената на струјата од РЕК ќе достигне до 150 евра.

– Ваквите електрани се поефикасни од топланите, бидејќи произведуваат и струја и топлина. Таа цена што ја плаќаме за топланите 5,3 денари, сега ќе биде 2,3. Кога ќе влезе во целиот систем, сметките за струја ќе се намалат значително – објаснува директорот за развој и инвестиции на ЕСМ, Виктор Андонов.

Share This Article