Во регионот Ксинџијанг на крајниот запад на Кина е забележана температура од минус 52,3 степени, со што е соборен рекордот стар 64 години.
Според кинеските медиуми, рекордот беше соборен вчера во градот Туерхонг, а претходно ваква ниска температура во овој кинески регион е измерена на 21 јануари 1060 година кога живата во термометарот се спуштила на минус 51,5 степени.
Поради снежната бура и замрзнатиот дожд што зафати делови од Кина, дојде до застој во патниот и железничкиот сообраќај. Метеоролозите предупредија на замрзнати патишта, а до четврток се очекуваат врнежи низ Кина.
Најмногу врнежи се очекуваат во Монголија, североисточна Кина, централната провинција Хубеи и провинцијата Хунан на југ.