Во Анахејм (САД) синоќа се одржа турнирот во мешани боречки вештини UFC 298.
Австралиецот со македонско потекло, Александар Волкановски остана без појасот во лесната категорија (до 66 килограми) откако на главната борба на УФЦ 298 претрпе нокаут од Грузиецот Илија Топурија.
Во „Хонда центарот“ во Анахајм победникот беше решен во втората рунда. Топурија беше подобар од самиот почеток, а со десно кроше во втората рунда стигна до посакуваниот појас и го задржа статусот непоразен и по петнаесеттата борба.
Со борбата која заврши со нокаут , 27-годишниот Топурија стана нов шампион на UFC во перо категорија.
35-годишниот Волкановски во својата ММА кариера има 26 победи и четири порази. Алекс претрпе два од четирите порази во борбите со шампионот во лесна категорија, Русинот Ислам Махачев.