Падот на интересот за Европската унија во регионот и немањето на јасна европска перспектива за државите-кандидати за членство, носи само поларизација помеѓу самите македонски граѓани во однос на Европската унија, рече претседателот Стево Пендаровски на пандел-дискусија во рамки на Минхенската безбедносна конференција.
Шефот на државата кажа дека пример за падот на интересот за Европската унија на Балканот може да се види преку македонскиот пример, односно, иако земјава направи тешки компромиси, напредок во интеграцијата се уште нема.
– До одржувањето на изборите тоа нема да е можно, бидејќи земјата веќе е во т.н. техничка фаза со формирањето на преодната влада, чија единствена задача е организирањето на фер и демократски избори – вели Пендаровски.