Георгина Родригез гордо ги истакнува своите атрибути на фотографиите со Роналдо, но во Иран решиле малку да го корегираат нејзиното провокативно издание. На една од семејните фотографии на кои атрактивната Шпанка носи долг тесен фустан што ја истакнува нејзината фигура, Иранците и го „цензурирале“ задникот.
Георгина настрада поради нејзиниот провокативен фустан. Иранскиот весник „Хамшахри“ поради тоа решил да го фотошопира изгледот на нејзиното тело и целосно ја срамнил истакнатата позадината на Георгина, пишува Дејли Меил.
Ова предизвика бура на социјалните мрежи, откако многу корисници ја забележаа оваа „интервенција“ врз задникот на Георгина.