Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потпиша билатерален безбедносен договор со Германија, а планот е денеска да потпише таков договор со Франција.
Украинскиот лидер, кој во Берлин беше пречекан од канцеларот Олаф Солц, патува за Париз на средба со францускиот претседател Емануел Макрон.
Пред планираната заедничка прес-конференција, Шолц на социјалната мрежа Икс (Х) напиша дека тој и Зеленски потпишале „договор за заеднички долгорочни обврски во безбедноста“ и дека ова е „историски чекор“.
Украина и Велика Британија потпишаа таков договор во јануари, кога британскиот премиер Риши Сунак го посети Киев.
Зеленски утре ќе учествува на Минхенската безбедносна конференција, годишен собир на високи функционери, каде што планира да се сретне со потпретседателката на САД, Камала Харис.