Џафери ѝ ги нуди на Украина македонските искуства во евроинтеграциите

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Северна Македонија е партнер на Украина и важен фактор во европската стабилност – рече премиерот Талат Џафери во Минхен на средба со вицепремиерката на Украина за европска и евроатлантска интеграција Олга Стефанишина.

На состанокот заеднички се оцени дека безбедносното прашање на Украина е безбедносен предизвик за цела Европа и за меѓународната демократска заедница во глобални рамки. Од тие причини се изразија очекувања европската и светската демократска јавност да стојат заедно и едни до други како клучен предуслов за одбраната на глобалниот мир.

Премиерот Џафери истакна дека „Република Северна Македонија веднаш и недвосмислено ја осуди агресијата на Руската Федерација врз Украина, поддржувајќи го украинскиот територијален интегритет. Исто така, застанавме стопроцентно на линија на политиките на Европската Унија во однос на надворешната и безбедносна политика. И како совесна членка на НАТО, ја пружаме потребната помош на Украина.”

Премиерот Џафери ја поздрави и одлуката на Европскиот совет да отвори пристапни преговори за членство на Украина во Европската Унија и отвори можност за споделување искуства во однос на евроинтеграцискиот процес и реформите потребни за приближување кон Унијата.

Премиерот Џафери напомена дека како земја-членка на НАТО остануваме посветени на политиката на отворени врати на НАТО и ја поддржуваме апликацијата на Украина за членство во НАТО.

Share This Article