Граѓаните кои веќе ги заменија важечките возачки и сообраќајни дозволи, нема да ги добијат парите назад, информира МВР

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Граѓаните кои веќе ги заменија важечките возачки и сообраќајни дозволи, нема да ги добијат парите назад, информира МВР по одлуката испратена во „Службен весник“, туку само на оние кои сега ќе ги заменуваат.

Како што може да се прочита во одлуката која е испратена на 14 февруари, не е предвидено да им се враќаат парите на оние граѓани кои веќе ги заменија важечките возачки и сообраќајни дозволи заради усогласувањето на документите со уставното име на државата, „Република Северна Македонија“.

– Одлуката за граѓаните да можат да извадат возачка и сообраќајна дозвола без паричен надомест е дадена во „Службен весник“ на 14.02.2024 година. Со одлуката нема да се наплатува кога ќе се врши замена на важечка возачка дозвола со натпис „Република Македонија“, со нова возачка дозвола со натпис „Република Северна Македонија“ до 31.12.2024 година. Исто така нема да се наплатува кога ќе се врши замена на важечка сообраќајна дозвола за возило со натпис „Република Македонија“, со нова сообраќајна дозвола за возило со натпис „Република Северна Македонија“, до 31.12.2024 година. Одлуката стапува во сила со денот на објавување во „Службен весник на Република Северна Македонија“ велат од МВР.

Од МВР засега не прецизираат дали во одлуката ќе бидат и граѓаните кои веќе ги замениле документите заради името, а им биле важечки.

„Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека согласно Решението за цените на обрасците што ги издава МВР, возачките дозволи и сообраќајните дозволи со името „Република Македонија“ кои сè уште се важечки, се заменуваат во редовна постапка со нови со името „Република Северна Македонија“ и притоа на граѓаните не им се наплаќа цената пропишана за тие обрасци, до 31 декември 2024 година. Но, за истите документи пропишана е административна такса која се наплатува, согласно Законот за административните такси кој сè уште нема претрпено измени во тој дел. МВР ќе предложи измена на законот, се со цел и административната такса да не се наплаќа“, соопштија од министерството.

Share This Article