Имаме интерен документ кој го покажува тоа, вели Мицкоски

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Врхушките на СДСМ и на ДУИ преку РЕК Битола планираат да го опљачкаат народот и да ги наполнат куферите за бегање, по избори лично ќе се занимавам со случајот и ќе одговараат – изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Охрид одговарајќи на новинарско прашање во врска со тоа на што се базира објавениот скандал за јаглен во РЕК Битола.

– Врз основа на документ кој го поседуваме, а е интерен документ од државната ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ, каде што ова раководство на ЕСМ кое е пред одење, и пред катастрофален пораз на избори, се обидува во последен момент на потпише годишен договор за набавка на увозен јаглен во вредност од близу 100 милиони евра, односно 5 милијарди и 950 милиони денари – изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски ги предупреди вработени да не подлегнуваат на притисоците од раководство и да не дозволат да се крадат народот и државата. Тој нагласи дека тие кои го планираат овој скандал имаат намера со ситен аванс да ги наполнат куферите и да избегаат после 8 мај, како и тоа дека ќе има одговорност, а тој лично ќе се занимава со скандалот по формирањето на владата.

– Сите оние кои ќе бидат соучесници во овој процес, но и оној другиот близу 3 милијарди денари, односно близу 50 милиони евра со вклучен ДДВ за ископ на јаглен и јаловина кој се подготвува за омилената компанија на раководството на СДСМ и на ДУИ и малкумина од менаџментот на ЕСМ; сите оние кои ќе бидат дел од овој процес, ќе бидат соучесници и ќе одговараат. Лично ќе се занимавам по формирањето на новата влада со овој случај. Затоа ги предупредувам да не влегуваат во авантура со која ќе овозможат на малкумина ситни политички криминалци од раководството на СДСМ и ДУИ да ги наполнат куферите, а после дебаклот на 8 мај да избегаат. Нема каде да бегаат, нема каде да се кријат, секаде ќе ги најдеме, ова е порака до нив – изјави Мицкоски.

Share This Article