Момче од Неготино ја растело косата седум години и сега ја донира за од неа да се направи перика за деца болни од рак. Станува збор за 11 – годишниот Марио Стојановски кој е среќен што може да израдува некое дете и да му помогне во моментите на борба со болеста.
„Не ми е жал за косата, затоа што знам дека со ова помагам некому што има потреба од поддршка. А косата, пак ќе ми порасне“, вели момчето.
Неговите родители се среќни затоа што нивниот син донел една ваква хумана одлука и заеднички со него, им посакуваат здравје, љубов и среќа за сите луѓе во светот.
Марио Стојановски е ученик во основното училиште ,,Страшо Пинџур” во Неготино.
Фото : ,,Бубо” Неготино