More

    Еден од најбитните филмски фестивали во светот го одржува 74. издание

    spot_img

    Еден од најпознатите филмски фестивали во Германија „Берлинале“ им го откажа гостопримството на политичарите на ултрадесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД). Ова ги разгори дебатите во земјата.

    – Берлиналето се залага за отвореност кон светот, слобода, демократија, различност и кохезија – изјави градоначалникот на Берлин Кај Вегнер.

    Во меѓуврмее некои од најголемите актерски ѕвезди од целиот свет прошетаа на црвениот тепих на овогодинешното 74-то Берлинале. Програмата вклучуваше и политички документарци, но и уметнички фимови.

    Ќе бидат прикажани 233 филмови од 80 земји. Режисерот Мартин Скорсезе треба да добие награда за животно дело.

    Фестивалот почнува со филмот „Мали нешта како овие“ на режисерот Тим Милантс кој е заснован на истоимениот историски роман на ирската писателка Клер Киган и е номиниран за наградата Златна мечка. 20 филмови конкурираат.

    Фестивалот доделува Златна мечка за најдобар филм, Гран при на жирито, како и Сребрени мечки за најдобар режисер, актер, актерка, сценарио и саундтрак. Од 1992 година, фестивалот ја доделува наградата „Теди“ за филм кој се занимава со тема за ЛГБТ популацијата.

    Наградите ќе бидат доделени на 24 февруари, ден пред затворањето на фестивалот.

    А како изгледаше отворањето на фестивалот и кој сѐ од светските ѕвезди прошета на црвениот тепих, погледнете во видеото.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img