Немаме зголемена закана за безбедноста во државата, да го вратиме задолжителниот воен рок, а за ова треба да вложиме многу дополнителни финансиски средства, изјави министерката за одбрана, Славјанка Петровска во интервју за МИА, дадена по синоќешниот состанок на Северноатлантскиот совет во Брисел.
– Кога зборуваме за можноста за враќање на воениот рок, мора да знаеме кои се последиците или предизвиците со кои веројатно ќе се соочиме како држава. Како прво, немаме зголемена безбедносна закана за враќање на воениот рок. Но, и не само во однос на заканата, тоа значи инвестирање уште повеќе дополнителни финансиски средства и што е уште поважно, значи дека сите што ќе наполнат 18 години, доколку служењето стане задолжително, нема да можат да бидат активни на пазарот на трудот во тој период, ниту навреме да го продолжат образовниот процес – изјави Петровска.
Концептот на воен рок го напуштивме некаде во периодот 2005-2006 година и лично, ако ме прашате мене, и како граѓанин и како министер за одбрана, ќе кажам дека ова беше една од најдобрите одлуки што беа донесени во развој на нашата армија, додаде Петровска.
Таа рече дека благодарение на оваа одлука имаме професионална армија, а нејзината професионалност го одржува квалитетот на Армијата.