More

    Грижлив скопјанец ја израдувал ќерка си со женски сет со алати

    spot_img

    Јана е дваесет и шест годишна девојка и уметница од Скопје со која деновиве бевме на кафе па ни ја раскажа приказната за нејзината симпатична розова торба која ја носеше со себе и за нејзината содржина. Кога ја отвори, имавме што да видиме. Беше тоа една многу убава и практична колекција од розови штрафцигери, клешти, навртки, завртки и уште многу за нас непознати мајсторски алатчиња.

    Јана ни кажа дека е тоа подарок од нејзиниот татко и ни ја раскажа целата приказна.

    „Еднаш кога со дечкото одевме накај Стење, ни се расипаа светлата на автомобилот. Беше веќе темно, а ние возевме по автопат без светла до првата бензинска станица. Застанавме да купиме сијалички и ги прашавме дали тие можат да ни помогнат да ги смениме или дали барем имаат некој алат, затоа што за да се сменат, треба да имате штрафцигер, а ние во автомобилот немавме ништо. Стигнавме некако до нашата дестинација и утредента ги сменивме. Кога се вративме во Скопје му кажав на татко ми што ни се случило и го замолив да стави во автомобилот една мала алатница која си ја купив самата пред некоја година, ама ја имав сосема заборавено, за да ми се најде за некоја слична ситуација во иднина. Наместо тоа, после неколку дена, навечер, ми заѕвони телефонот и татко ми кажа да излезам во дворот за да ми даде нешто…“

    Повеќе за ова прочитајте на „Мајка и дете“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img