More

    Бројот на цивилни жртви во вчерашните два израелски воздушни напада врз Либан се искачи на 10

    spot_img

    Бројот на цивилни жртви во вчерашните два израелски воздушни напада врз Либан се искачи на 10, објавија денеска либанските државни медиуми.

    Ова е најголем број жртви во еден ден во прекуграничните конфликти кои траат над 4 месеца.

    Либанскиот екстремистички Хезболах вети дека ќе се одмазди за нападите извршени врз градот Набатие и село во јужен Либан, неколку часа откако проектили убиле една Израелка која служела војска.

    Во градот Набатие, дел од зграда се урна во израелски напад, а 7 члена на истото семејство, меѓу кои и едно дете, загинаа, објави државната Национална новинска агенција.

    Момчето кое прво беше прогласено за исчезнато било пронајдено живо под урнатините. Според првичните информации, загинале 4 лица.

    Во селото Суанех загинаа една жена и нејзините две мали деца. Меѓу жртвите има и 6 жени и 3 деца, а загинале и тројца борци на Хезболах.

    Во напад од Либан, претходно беше погоден израелскиот град Сафед на север, една девојка која служеше воена служба загина, а 8 лица беа ранети.

    Во меѓувреме, израелскиот министер за одбрана Јоав Галант во телефонски разговор со американскиот колега Лојд Остин разговарал и за заканите и нападите на Хезболах. Галант рече дека Израел нема да толерира напади врз своите граѓани, дека ќе обезбеди враќање на раселените граѓани од север и дека е подготвен да го стори тоа преку дипломатски или воени средства.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img