Русија утрово изврши силен напад врз Киев и врз други региони

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во цела Украина утрово е прогласена тревога поради силен руски воздушен напад. Погоден се главниот град Киев и неколку региони каде што има жртви и разурнувања, соопштија украинските власти.

Вооружените сили на Украина известија дека неколку авиони Ту-95МС полетале од аеродромот Олења во областа Мурманск во Руската Федерација.

Украинската противвоздушна одбрана е активна во регионите Киев и Лавов, Хмелницки, Запорожје и Дњепропетровск, а и ги одби руските ракетни напади врз Киев, според изјавата на градоначалникот Виталиј Кличко кој ги повика жителите да останат во засолништа.

Силите за противвоздушна одбрана ги уништиле сите непријателски цели кои се движеле кон Киев, пренесува Униан.

– Три лица се повредени во Лавов во руски ракетен напад, а оштетени се 16 станбени згради и автомобили во близина – соопшти шефот на регионалната државна управа на Лавов Максим Козицки.

Според него, евидентиран е удар во инфраструктурен објект во Лавов, каде што избувнал пожарот.

„Утрово непријателот повторно изврши масовен напад врз Украина. Цивилни згради во областа Хмелницки се оштетени“, соопшти регионалната државна администрација.

– Утрото непријателот го нападна Запорожје. Гранатиран е инфраструктурен објект. Според првичните податоци, 4 лица се повредени – соопшти градоначалникот на Запорожје, Анатолиј Куртев.

Според украинските власти, утринава руски војници нападнале објекти од цивилна инфраструктура во регионите Дњепропетровск и Полтава, каде што бил погоден магацин и избувнал пожар.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article