Српската музичка ѕвезда Јелена Карлеуша ги остави сите без зборови по големата исповед во која најискрено зборуваше за непознати приватни детали од животот. Таа зборуваше за поранешните љубови од деведесеттите, но ја откри и во каков однос е со сопругот Душко Тошиќ, како и аферата која го раздрма нивниот брак.
Откако минатата година објави два нови албума по 11-годишна пауза, Јелена Карлеуша се посвети на настапите низ светот, а неодамна направи спектакл во дискотека во Германија. Пејачката како и секогаш е многу активна на социјалните мрежи, а сега се пофали и со подарокот што го добила вчера, на Денот на вљубените.
Јелена покажа соба полна со црвени балони во форма на срце, а тука била и торбата со подарок. Изненадување и приредила нејзиниот пријателка, позната модна дизајнерка.
„Го добив најбараниот фустан за сезоната лето/пролет! Останете со мене“, порачала Јелена со песната „Mashallah“.
Карлеуша предизвика бура и во Милано кога се појави во предизвикувачко издание во ресторан и ги кренала нозете.
ФОТО: Инстаграм