More

    Исповедта на тајниот брат на Меланија Трамп е емотивна и тажна

    spot_img

    Две недели откако беше откриено дека Меланија Трамп има таен полубрат, тој проговори, велејќи дека би сакал да ги запознае таткото и полусестрите, пишува „Дејли мејл“.

    Денис Цигелњак вели дека штом ќе завршат претседателските избори во САД, би сакал да се напие пијалак или да оди пица со својот татко Виктор Кнавс и своите две полусестри Меланија Трамп и Инес Кнавс.

    Денис, која има 50 години, сега живее во станбена зграда во поранешниот рударски град Храстник во оддалечена планинска област повеќе од еден час од словенечката престолнина Љубљана.

    И покрај тоа што сака да се сретне со своите роднини, Цигелњак за една локална телевизија изјавил дека никогаш ништо не му недостасувало во животот растејќи без присуство на Виктор Кнавс, кој е татко и на Меланија Трамп.

    Откако Меланија Трамп станала прва дама на САД, сите пишувале за нејзиното хармонично семејство, а многумина изгубиле од вид еден член кој сопругот Доналд Трамп никогаш не го запознал.

    Меланија Трамп, поранешна прва дама на САД и сопруга на поранешниот претседател, Доналд Трамп, неодамна доживеала тешка загуба кога починала нејзината мајка Амалија Кнавс.

    Семејството организирало погреб на Флорида, на кој присуствувале најблиските на Меланија Трамп. Меѓу нив, сепак, не бил и нејзиниот полубрат Денис Цигелњак, за кој не се говори во јавноста.

     

    Како што пишувал „Дејли мејл“ во 2016 година Меланија и Инес Кнавс, имаат полубрат кој денес има 58 години и нема никаков однос со своите сестри. Таткото на Меланија, според медиумите, го добил Денис со поранешната девојка, со која раскинал додека сè уште била бремена.

    Наводно, тој никогаш не го признал синот, но по ДНК тестот, кој утврдил дека тој е таткото, судот одредил Виктор да плаќа алиментација за Денис. Тој денес живее во Храстник, на еден час од Љубљана, а сестрите никогаш не ги запознал.

    Како што истакнал за локалната телевизија, откако неговиот зет Доналд Трамп станал претседател на САД, иако пораснал без татко, никогаш ништо не му недостасувало.

    „Мојата мајка, тетките и вујковците ми пружија сè, изјавила тој за „Планет.си“. „Но, тоа не значи дека не сакав да го запознаам татко ми.

    Објаснил и дека неговата мајка никогаш не сакала ништо од Кнавс и била разочарана кога тој побарал абортус откако му соопштила дека чекаат дете.

    „Мајка ми не е согласувала со тоа, сакала да ме задржи. Не сакала ништо од него бидејќи била толку разочарана. Тогаш баба ми ја убедила да побара од него алиментација. Таткото на мојата мајка ме издржуваше 18 години бидејќи мојот татко постојано забораваше да плаќа, дури и кога судот го потсетувал“, истакнал Денис.

    „Секогаш се прашував како некој може да го отфрли сопственото дете. Кога ќе слегне прашината по претседателските избори, би сакал да излезам со татко ми и сестрите на пијалак или пица“, објаснил полубратот на Меланија.

    Според податоците од 2016 година, Цигелњак живее со својата партнерка Маја и нивната ќерка Мими.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img