More

    Ердоган во Каиро пречекан со највисоки почести

    spot_img

    Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска пристигна во Египет, прв пат по 12 години. На аеродромот лично го пречека неговиот египетски колега Абдал Фатах ал Сиси.
    Односите меѓу Турција и Египет останаа затегнати по воениот удар што го донесе Сиси на власт.
    Двајцата претседатели се ракуваа на асфалтот додека Ердоган и првата дама Емине Ердоган излегуваа од авионот што пристигна од Дубаи, каде турскиот претседател присуствуваше на самитот во вторникот.

    Личното добредојде од Ал-Сиси за Ердоган, реткост за шеф на држава кој го посетува Египет, ја нагласи важноста на посетата на турскиот претседател по повеќе од една деценија затегнати односи меѓу двете земји.

    По церемонијата на пречекот, двајцата лидери се упатија кон палатата Ал-Итихади каде турскиот лидер присуствуваше на официјалната церемонија за пречек.

     

    Ердоган претходно изјави дека разговорите со Ал-Сиси ќе се фокусираат на палестинско-израелскиот конфликт. Египет беше домаќин на заедничките напори со Катар и САД за да се постигне ново примирје меѓу Израел и Хамас.

    Посетата ги круниса дипломатските напори во последните години за одмрзнување на замрзнатите односи меѓу Турција и Египет.

    Тие заеднички именуваа амбасадори минатата година, а овој месец официјална Анкара одобри продажба на оружени беспилотни летала на Египет.

    Двајцата лидери се разидоа по воениот удар во Египет во 2013 година, со кој беше соборен претседателот Мохамед Морси. По пучот, дипломатските врски беа речиси целосно прекинати, иако економските врски останаа главно непроменети.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img