Вака се слика за пасош во Брисел

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерот за надворешни работи Бујар Османи заедно со техничкиот премиер Талат Џафери и со првиот вицепремиер Бојан Маричиќ, денеска во Брисел ја посети Амбасадата на Македонија, каде што покрај другите конзуларни услуги за нашите државјани, преку мобилната станица се врши сликање и земање на биометриски податоци за издавање патни исправи.

Фотографијата на којашто се гледа како тројцата функционери внимателно, дисциплинирано и без да трепнат го следат процесот на фотографирање на еден нашинец, наиде на исмејување на социјалните мрежи.24

„Премиер и двајца министри гледаат во човек што се слика за пасош во Брисел“, гласеше еден од коментарите на Фејсбук.

Инаку, како што е наведено во соопштението на Министерството за надворешни работи, Џафери, Маричиќ и Османи разговарале со наши државјани кои се наоѓаа во просториите на Амбасадата и ги увериле дека се прават максимални напори да не се соочуваат со никаков проблем во државата каде што живеат, поради обврската за обновување на личните документи која произлегува од Договорот од Преспа.

Share This Article