За 5 дена вакцинирани 1.421 дете против голема кашлица

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Од 7 до 12 февруари биле аплицирани 1.421 доза на вакцина ДиТеПер во Скопје, според податоците добиени од Министерството за здравство.

„Во националниот систем за електронска евиденција во здравството „Мој термин“ во периодот од 01.01.2023 до 10.02.2023 година се евидентирани 7.973 внесени дози од вакцините DTaP-IPV-Hib-HepB, DTaP-IPV-Hib, DTaP-IPV кои содржат компонента против пертусис: (Pentaxim, Hexaxim, Tetraxim). Додека во периодот од 01.01.2024 до 10.02.2024 година се евидентирани 9.075 дози од вакцините DTaP-IPV-Hib-HepB, DTaP-IPV-Hib, DTaP-IPV кои содржат компонента против пертусис: (Pentaxim, Hexaxim, Tetraxim)“, наведуваат од Министерството за здравство во одговор на прашање од МИА.

Од 07.02.2023 до 12.02.2023 биле аплицирани 385 дози на вакцина ДиТеПер на територија на градот Скопје, додека од 07.02.2024 до 12.02.2024, аплицирани биле 1.421 доза на вакцина на ова подрачје.

– Потребно е да се земе предвид дека бројот на аплицирани дози зависи од бројот на живородени деца во тековната година – укажуваат од Здравство.

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски, на 7. месецов информираше дека меѓу препораките е и забрана за прием во градинки на деца невакцинирани против пертусис. Тој, како што појасни тогаш, очекува овие мерки да го поттикнат интересот за вакцинација, бидејќи фокусот е на заштита на најмалите. Како што истакна тој, оваа болест може да биде и е најтешка болест за најмалите.

Share This Article