Хашките случаи се затворено прашање – одгоори премиерот Талат Џафери на новинарско прашање дали македонската влада ќе го прифати барањето на Советот на Европа да се процесираат случаите за воени злосторства ов конфликтот во 2001 година.
– Тоа е прашање регулирано со закон и потврдено со одлуки на Уставниот суд. Меѓународните трибунали не се врзани со домашното законодавство – рече Џафери во одговорот.
Владата на Македонија на 15 јануари доби писмо од Советот на Европа, од комесарката за човекови права Дуња Мијатовиќ, со препорака да се укине амнестијата и македонските судови да ги пресудат овие случаи.
Неколку политички партии се согласија со оваа препорака за отворање на хашките случаи, потсетувајќи дека законот за амнестија, кој беше донесен од македонското Собрание е спротивен на меѓународното право, според кое случаите на воени злосторства и злосторства против човештвото не се амнестираат и не застаруваат.
Засега ова прашање не е отворено на владина седница.
Инаку, Талат Џафери и самиот е опфатен со амнестијата на хашките случаи како дел од раководството на паравоената формација ОНА (УЧК), каде се приклучи откако дезертираше од АРМ.