Зошто Џастин Бибер не беше дел од настапот на Ашер на Супер Боул?

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Американскиот пејач Ашер во неделата настапи на Супер Боул, но многумина беа изненадени од фактот што неговиот долгогодишен пријател Џастин Бибер не му се придружи на сцената.

Раперот и пејач на полувремето од Суперболот во неделата покажа дека е во иста форма како на почетокот на кариерата, а на сцената му се придружија и Алиша Кис, H.E.R., Will.i.am, Џермејн Дупри, Лил. Џон и Лудакрис. И покрај лошите реакции за настапот на Ашер, шоуто го гледаа повеќе од 30 милиони домаќинства.

Но Џастин Бибер, кој публиката со нетрпение го очекуваше, не беше еден од гостите. Познато е дека Ашер побарал од Бибер да учествува во неговиот настап, но Бибер одбил.

Непосредно пред финалето на Супер Боул, долгогодишното пријателство на Бибер со Ашер ги поттикна гласините на социјалните мрежи дека тие ќе се здружат на сцената пред 65.000 луѓе и телевизиска публика од милиони. Наместо тоа, Бибер и неговата сопруга Хејли од трибините го следеа настапот на неговиот поранешен ментор.

„Нема лоша крв меѓу Ашер и Џастин. Џастин едноставно не го сакаше тоа, едноставно не чувствуваше дека треба да биде дел од шоуто на Ашер, изјави извор близок до пејачите.

Ашер даде се од себе за да се обиде да го убеди Бибер и сакаше да создаде момент кој ќе ја почитува нивната заедничка соработка.

Инаку, Ашер му помогна на Бибер да стекне светска слава на само 13 години, откако го откри музичкиот магнат Скутер Браун, а заедно го снимија дуетот „Somebody to Love“ во 2010 година, пренесува Buzzfeednews.

Share This Article