More

    Научниците се обидуваат да разберат зошто светот полудува по пејачката

    spot_img

    Зошто светот полудува по Тејлор Свифт? Научниците се обидоа да го истражат ова како дел од студијата за PLOS One. Заклучија дека причината е тоа што ја има – насекаде.

    Колку повеќе Тејлор и нејзината музика го опкружуваат нашиот секојдневен живот, толку повеќе ни се допаѓа. Ова е психолошки феномен познат како „ефект на изложеност“. Студиите кои вклучуваат телевизиски реклами открија дека гледачите сè повеќе ги претпочитаат производите што најчесто ги гледаат на екранот, односно оние чии реклами ги гледаат најчесто. Се чини дека е истото и со музиката.

     

    Во студијата објавена во PLOS One, учесниците биле подложени на сликовити тестови  за да се види кои видови музика го активираат системот за наградување во мозокот. Истражувачите откриле дека луѓето кои слушале музика што им е позната имале поголема веројатност да им се вклучат центрите за задоволство во нивниот мозок отколку оние кои слушале музика за која само тврделе дека им се допаѓа.
    „Се чини дека препознавањето е клучен фактор во емоционалната вклученост на слушателот во музиката“ – заклучуваат истражувачите во студијата.

     

    Друга причина за популарноста на 34-годишната американска пејачка според истражувачите, е тоа што нејзините песни се заразни. Студија од 2017 година на Американската психолошка асоцијација покажа дека привлечните песни вклучуваат „мелодични пресвртни точки“ помеѓу различни делови од песната.

    Истражувачите забележуваат дека, во случајот на Тејлор Свивт, таа често користи мелодии со една нота во одредени делови од нејзините песни кои потоа полека се градат.

    Лингвистите, пак, велат дека клучна работа е начинот на кој таа игра со јазикот – како во стиховите така и во создавањето наративи.
    Имено, Свифт остава мали „навестувања“ за своите обожаватели кои откриваат детали за неа и нејзините проекти, што создава посебен вид на поврзаност.

    Без оглед на причината, едно е сигурно – Тејлор Свифт е најголемата ѕвезда на светот во моментов, и изгледа дека ќе трае.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img