More

    ВМРО ДПМНЕ Ресен :Демант на Гебелс пропагандата на СДС-Ресен

    spot_img

    Демант на Гебелс пропагандата на СДС-Ресен.
    Во изминативе два дена Градоначалникот на Општина Ресен е мета на безидејни напади, за да се фрли дамка на целокупното позитивно работење на Општината, и да се дефокусира јавноста за нивното национално дивеење, што е и нивна партиска задача, за напад на сите градоначалници од редовите на ВМРО–ДПМНЕ, со потполно иста реторика и иста тема.
    За работите да бидат појасни, на јавноста им се презентира конто на Општината, кое е јавно достапно за сите, за првпат со доаѓање на функција на сегашниот градоначалник.
    Ако го анализираме (разложиме) контото, во таа сума се опфатени средства за сите настани кои Општина Ресен ги организирала во период од 2 години (Преспански Јаболкобер, Актерот на Европа, априлијади, новогодишни хепенинзи, спортски настани, настапи на културно уметнички друштва, посети на делегации, бизнис заедници, државни органи итн.) Сето тоа надополнето со сметки од изминатиот период и БЛОКАДИ.
    Зарем мислите дека во период на мониторинг од вашата Влада каде што средства за репрезентации, нов мебел, нови автомобили, беа децидно ограничени и дел забранети, со одлука на Влада, дека некој ги злоупотребил истите тие средства, а вашата власт не изреагирала и не санкционирала – тука треба самите да си се искоординирате.
    Ние за разлика од вас не ја злоупотребуваме позицијата па да користиме ваучери на спортски клубови за ДОБАР ПРОВОД по рестораните што и самите може да го проверите.
    Тоа е само дел од некои дејствија кои ќе се видат во подобри времиња. Толку сте безидејни што не знаете да ја промените вашата реторика од предизборната кампања до денес.
    Но, за жал ваквите извртувања на фактите не се покриваат.
    Доаѓа денот кога и воздухот ќе биде чист и работите многу појасни и крај на Гебелс пропагандата. Граѓаните на Преспа да бидат спокојни и уверени дека само со домаќинско работење се развива една Општина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img