Откако се прошири веста дека Бранко Дукиќ не дозволил да се одржи концерт на Александра Пријовиќ во Задар, градоначалникот до „Задарски.хр“ испратил писмена изјава.
– Живееме во слободно општество каде што секој слуша музика каква што сака. Јас сум против секој вид забрана и ме изненадуваат ваквите конструкции во одредени медиуми. Не се занимавам со организација на концерти и не разбирам зошто се крена толкава фама околу тоа. ШЦ Вишњик има своја управа и своја деловна политика која самостојно одлучува за програмата и комерцијалните содржини, па и за оние кои мене лично не ми се допаѓаат. Јас лично не сум љубител на таа музика, ниту би одел на ваков концерт и тоа е сè што имам да кажам за тоа – порачал Дукиќ за „Задарски.хр“.
Концертот на Пријовиќ, наводоно, требало да се одржи во мај во салата Крешимир Ќосиќ, но градоначалникот одбил српската ѕвезда да пее во градот, па концертот не бил ниту закажан ниту најавен, пишува „Индекс.хр“.
Имено, за концертот на Александра Пријовиќ во Задар се зборуваше на крајот на минатата година, откако пејачката наполни пет Арени во Загреб. Тогаш „Задарски лист“ напиша дека има интерес за нејзиниот концерт и дека се планира да се одржи во 2024 година.
Нејзиниот тим нема коментари на оваа тема.