Брнабиќ денеска разговарала со Карлсон на Самитот на светските влади во 2024 година што се одржува во Дубаи.
-Тој знае многу за Србија, рече дека планира да дојде во Србија кон средината на оваа година, дека многу го почитува и цени претседателот Александар Вучиќ. Му реков дека со нетрпение очекувам да го видам и му честитав на храброста да направи навистина феноменално интервју со претседателот на Руската Федерација – изјави Брнабиќ за новинарите во Дубаи.
Според неа, Карлсон покажал „голема храброст“ бидејќи „луѓето можат да го слушнат она што во принцип не можат да го слушнат“ во „денешниот свет каде цензурата е сеприсутна“.
Самитот во Дубаи под наслов „Обликување на идните влади“ собра повеќе од 85 меѓународни и регионални организации, 120 владини делегации. Главните теми се забрзување и трансформација на владите, вештачката интелигенција и нејзините следни граници, развојот и идната економија, идните општества и образованието, одржливоста и новите глобални промени и урбанизацијата и глобалните здравствени проблеми.