Интервјуто на рускиот претседател Владимир Путин со американскиот новинар Такер Карлсон има околу една милијарда прегледи.
Ова во програмата „Вечер со Владимир Соловјов“ на телевизискиот канал „Русија 1“ го изјави Маргарита Симонјан, главен уредник на медиумската група „Россија сезонаја“ и телевизискиот канал РТ. Симонјан во руската јавност е позната како „новинарката на Путин“ и многмина ја сметаат за пропагандистка.
– Ги замолив колегите да ја проверат гледаноста. Тоа е комплицирано и тешко, бидејќи треба да ги земете сите јазици, сите извори на кои е објавено… Ве уверувам дека оваа бројка е околу една милијарда. Ова е незапаметено во историјата на новинарството – рече таа и додаде:
– Значи, само на социјалната мрежа Икс и само на англиски, интервјуто имаше 180 милиони прегледи, ако не ги земете предвид сајтот на Карлсон и другите ресурси на различни јазици.
Ноќта на 9 февруари, Такер Карлсон објави двочасовно интервју со рускиот лидер на неговата веб-страница и на различни платформи. Од неговото објавување, има повеќе од 170 милиони прегледи на социјалната мрежа Икс, а повеќе од десет милиони прегледи на Јутјуб. Интервјуто го објави и веб-страницата на Кремљ.