Техничкиот премиер Талат Џафери вели дека изјавата на претседателот на Србија Александар Вучиќ дека косовскиот премиер Албин Курти сака од власт да го симне Али Ахмети и ДУИ всушност е пропаганда која има за цел да им наштети на Албанците во Македонија.
– Божем многу се загрижени за судбината на Али Ахмети и за ДУИ, а во суштина се против колективните интереси на Албанците во државата. Но, граѓаните разбираат на што се однесува душегрижноста на оние што ги даваат тие изјави. Во суштина и децата знаат дека се работи индиректно, односно се иницира незадоволство кон ДУИ, а во суштина е попречување на она што се проекции за достигнување на оние цели кои се програмски определени како присуството, работата и живеењето на Албанците како колетивен народ тука во Македонија – рече Џафери.