Денеска нè очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во источните делови на земјата, каде ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од 1 до 9 Целзиусови степени, а максималните дневни од 9 до 15 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне со сончеви периоди, а попладне со повремен дожд.
Утре и задутре нè очекува променливо облачно време, со локален слаб дожд, а на повисоките планини на северозапад со повремен слаб снег. Дури во среда може да очекуваме сончево време со мала до умерена локална облачност. Затоа, пак, утринските температури во среда ќе се спуштат под нулата.