Се плашам од корупција ако државата реши да гради во енергетиката, вели Бислимовски

Lorita
By Lorita 6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Се плашам од корупција ако државата реши да гради во енергетиката, приватниот инвеститор повеќе се грижи за парите од државата, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски во интервју за Радио Слободна Европа.

Во Собранието по скратана постапка влегува предлог закон за стратешки инвестиции во енергетиката, вредни над 700 милиони евра во предизборен период, за кој претседателот на Регулаторната комисија за енергетика смета дека не е соодветен.

– Jас секогаш ќе ги поддржувам инвестициите во енергетскиот сектор. За овие инвестиции се преговара, се договара некаде од 2019 година и од премиерот Заев и од премиерот Ковачевски, инвестициите како како Митилинеос, Стипион и другите две веќе беа спомнувани повеќе пати во јавноста. Можеме да кажуваме дека сега до крај не е соодветен периодот, но секоја Влада, претпоставувам дека при крајот на својот мандат сака да ги усвои овие инвестиции, кои што се во вредност од речиси 800 милиони евра и со еден од такви проекти да оди на изборите – истакнува Бислимовски.

Во однос на стратешките инвестиции, тоа е еден од начините како може да се реализираат овие инвестиции, смета претседателот на РКЕ.

– Кај две од тие, кај Стипион и Митилинеос, за одреден период им се гарантира цена и тој концепт во Македонија веќе се применува во изминатите 15 до 16 години. Тоа е класичен концепт на фидинг тарифа. Ние со тој концепт на фидинг тарифа, до сега во државата ни се направија 130/140 мегавати мали хидроелектрани, кои што имаат повластена тарифа, се направија ветерни електрани од 72 мегавата и се направија 17 мегавати фотоволтаици, значи тоа се фотоволтаици кои што користат повластена тарифа. Тој концепт на повластена тарифа не се применува само во Македонија, се применува насекаде во Европската Унија за да може да се привлечат инвеститори – вели Бислимовски.

Претседателот на РКЕ укажува на „кусогледите политики“на државата во енегетскиот сектор, во изминатите 30 години.

– За 30 години независна Македонија изградила само, како држава кажувам, преку државната компанија ЕСМ, изградила нешто меѓу 140 и 150 мегавати. Сето тоа останато што се изгради во енергетскиот сектор, се приватни инвестиции од приватниот сектор. Домашни компании, има и странски компании направија повеќе од 900 мегавати во овие 30 и нешто години, од кои само во последните две години се направени 600 мегавати. Сега што треба да им кажеме на овие приватни инвестиции што се изградени? Да ги затвориме? Да идеме со чекани да ги кршиме фотоволтаиците? Да ги рушиме малите хидроелектрани? Тие се тука, наши електрани кои што и помагаат на Македонија.

Државата во изминатите 30 години, заради кусогледи политики, заради евтин популизам, од аспект- не можеме да градиме, ако градиме ќе ни расте цената, ако направиш нешто да, тоа има влијание и на цената. И се доведовме во ситуација да потрошиме речиси 400 милиони евра со разни субвенции во најголем дел за домаќинствата и да го гаснеме пожарот. Додадената вредност ни е нула.

Во тие 30 години, ако сме сакале, ако сме можеле, ако сме биле мудри, ќе сме направеле и гасна електрана,ќе сме го направеле Чебрен. Не го направивме. Ние треба да кажеме во државава, дали ќе живееме во пазарна економија или ќе живееме во една утопија која што ни се случуваше до 90 – истакнува Бислимовски.

- Advertisement -
Ad image

Една од четирите стратешки инвестиции е когенеративната централа на Метилинеос во Гази Баба за која државата на грчката фирма треба да и даде 50 милиони евра, што предизвика бројни реакции во јавноста.

– Тие пари, преку данокот на добивка што ќе ги даде државата како помош, ќе се вратат назад во буџетот. Сега во однос на Митилинеос, покрај Митилинеос апсолутно, да земеме, треба да направи и ЕСМ. Но, да видиме за колку краток период може да го направи тоа државната компанија.

Ние сега дискутираме ЕСМ да гради, односно државата, ама јас ви тврдам. Ако една проектирана вредност на една инвестиција почне да ја прави ЕСМ, пред се ЕСМ работи по Закон за јавни набавки. Само да нема корупција, да нема мито, да нема ништо, само заради начинот на кој што ни функционира нашиот Закон за јавни набавки, ние ќе имаме сериозен проблем да го имплементираме.

- Advertisement -
Ad image

Втора работа, од која што се плашам, и која сите ние јасно го гледаме, е корупцијата. Јас тврдам дека приватниот инвеститор, било кој, за било што, многу повеќе води сметка за своите пари, отколку што го прави тоа државата – истакнува првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика.

Share This Article