Царинските службеници заплениле 47 папагали кои српски државјанин сакал без да ги пријави да ги внесе во Македонија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Царинските службеници заплениле 47 папагали кои српски државјанин сакал без да ги пријави да ги внесе во Македонија, информираа од Царинската управа.
„Царинските службеници на влез на граничен премин Табановце го прашале дали има нешто да пријави, по што откако одговорил дека нема ништо за пријавување поради сомневање извршиле детален преглед на возилото при што во багажникот се пронајдени кафези со папагали.

Против лицето е поднесена соодветна пријава, а надлежноста за запленетата стока, во случајов живи птици, е предадена на Агенцијата за управување со одземен имот, од каде што се соодветно згрижени“ – стои во известувањето од Царинската управа.

Share This Article