Пејачката доби огромна поддршка од јавноста, бројни јавни личности и испратија пораки на охрабрување на Северина додека минува низ уште еден тежок период, меѓу кои и писателката Ведрана Рудан.
Ведрана, инаку, неколкупати јавно ја поддржа Северина, па така беше и откако Врховниот суд му додели на Милан Поповиќ старателството над нивниот син Александар.
Северина сега го сподели текстот на Ведрана Рудан на Инстаграм и ја покани на дружење.
„Радост моја, Ведрана Рудан, во сабота ќе дојдам во твојата Риека… Дојди кај мене. Додуша нема да бидам сама (Салата на млади ќе биде полна и ќе има многу радост), но ајде барем да испиеме едно кафе. Ако смееш да се дружиш со мене. Те чекам. Твојата убава. П. С. Ќе ми требаш ти мене. П.П.С. Те обожавам до крајот на животот“, напиша пејачката.
Следбениците на Северина се воодушевени од нејзината смисла за хумор, но и од острите коментари на Ведрана.
ФОТО: Инстаграм/Икс