More

    Претставници на АД ЕСМ денеска одбележаа 68 години од мавровската снежна трагедија, кога големи снежни лавини однесоа 52 човечки животи

    spot_img

    Претставници на АД ЕСМ денеска одбележаа 68 години од мавровската снежна трагедија, кога големи снежни лавини однесоа 52 човечки животи.

    Симболично, со положување цвеќе пред споменикот на градителите и со едноминутно молчење, делегацијата на АД ЕСМ, Подружница ХЕС „Маврово“, им оддаде почит на загинатите, кои ги загубија животите во снежната лавина во 1956 година, градејќи го хидроенергетскиот систем Маврово.

    Мавровската снежна трагедија, предизвикана од природна временска непогода, се случила ноќта меѓу 10 и 11 февруари 1956 година, по долината на Радика (во околината на селата Рибница, Торбешки мост и Стрезимир). Од планината Кораб снежни лавини се урнале врз куќи, врз бараките на градителите на мавровскиот хидроенергетски систем и врз караулите, при што биле затрупани стотина луѓе. Спасувачките екипи успеале да извлечат само половина од нив.

    Споменикот на градителите близу браната во село Маврови Анови е подигнат во 1970 година, а ја симболизира нивната храброст и пожртвуваност. На спомен плочата се врежани имињата на сите загинати во снежните лавини.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img