Собранието на денешната 143. седница, една од последните на овој пратенички состав, ќе расправа за Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка, кој се носи во скратена постапка, а во прво читање ќе се најде и Законот за рестриктивни мерки, тесно поврзан со „црната листа“ на САД.
Прва точка на денешната седница е предлогот за разрешување на министрите за здравство Фатмир Меџити и за Информатичко општество и информации Азир Алиу, на барање на техничкиот премиер Талат Џафери.
Втора точка е предлогот за именување нови министри на местото на Меџити и Алиу.
По скратени постапка на дневен ред се и измените и дополнувањата на Законот за посебните права на бранителите, Законот за социјална заштита, како и Законот за градење.
Овој парламентарен состав ќе функционира до 14 февруари кога ќе се распушти, а ден подоцна ќе бидат распишани парламентарните избори кои треба да се одржат на 8 мај оваа година.