Аријана Михајловиќ, сопругата на тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ ,објави емотивна порака од болничката соба каде што српскиот тренер е на нова терапија по враќањето на леукемијата.
На Михајловиќ му беше дијагностициран агресивен тип на леукемија во јули 2019 година, но тој успеа да се врати по повеќе тури хемотерапија и пресадување на коскена срж.
Но, за жал, олеста се врати минатиот месец и Михајловиќ повторно заврши во болница, од каде што го води тимот на Болоња преку видео-пораки.
„Мораме да бидеме цврсти без да ја загубиме нежноста. Ти си лав со меко срце. Изненадување“, напиша Аријана.