More

    Лукашенко ги измени законите за воените сили

    spot_img

    Белорускиот претседател Александар Лукашенко ѝ дозволил на војската да пука врз граѓаните. Тој ги изменил законите за регулирање на вооружените сили за да ги овласти војниците да користат „огнено оружје, специјална опрема, борбена и друга опрема“ при извршувањето на нивните должности, пренесува Дојче Веле. Според законот, тие не одговараат за смртта на цивилите доколку загинат од повредите.

    Некои белоруски независни медиуми тврдат дека силите на Лукашенко смеат да пукаат врз демонстрантите без предупредување. Во Белорусија честопати има протести против авторитарниот режим на Лукашенко или против војната во Украина.

    Во случај на повреда или смрт на граѓанин, веднаш се известуваат обвинителот и истражниот орган, но военото лице не одговара за каква било смрт или повреда доколку реагирало „во согласност со барањата на воените прописи ” и “реагирал на екстремни ситуации”.

    Дојче веле јавува дека армијата и полицијата веќе употребиле оружје на протестите, а неколку луѓе се убиени и ранети. Пример за тоа се убиствата на Роман Бондаренко, кој починал бидејќи бил претепан од безбедносните сили, а и на Александар Тарајковски и Генади Шутов, кои биле застрелани за време на мирните протести во Минск и Брест.

    Александар Лукашенко е најверниот сојузник на Путин, Москва има целосна контрола над Белорусија, а нејзините офицери се вклучени во работата на белоруската армија. Руските разузнавачи го водат военото разузнавање таму, па дури и руски новинари работат во белоруските телевизии.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img