Денешниот настап на раководството на СОНК наликува на политички настап, со политичка агенда и уцени кои се на штета на децата, на учениците и на образовниот процес, реагираше СДСМ преку соопштение.
„Одбивањето на раководството на СОНК за зголемување на платите во висина од 10 отсто, односно плати повисоки од 2.500 до 3.000 денари по вработен, во време на криза и законски рокови за усогласување на платите кои не се истечени, го потврдува тоа. Раководството на СОНК нема формална основа за штрајк, затоа што согласно Законот за минимална плата усогласувањето на платите се врши во рок од 6 месеци, што значи штрајк пред овој рок е смислена уцена. Зошто од страна на раководството на СОНК вопшто не беа споменати учениците, децата, кои се најважни? Зошто не беа споменати родителите кои раководството на СОНК ги става во неизвесност? Правото на штрајк е загарантирано, но загарантирано е и правото на образование на учениците. Правата на децата се над сѐ“, реагираше СДСМ.