Претседателот на Алијансата на Албанците Арбен Таравари ги поканил на средба во Куманово членовите на Централното собрание, во пресрет на седницата на ова раководно партиско тело закажана за в сабота, потврдија партиски извори.
Од седиштето на Алијанса на Албанците ги кометнираа овие информации со соопштение.
„Дел од членовите на Собранието во текот на вчерашниот ден добија порака за СРЕДБА во градот Куманово, а потоа и за СРЕДБА со г. Таравари. Она што сакаме да ве известиме е дека никој не треба да подлегне на дезинформации дека се одржува партиско собрание, бидејќи како што ќе заклучите од поканата, станува збор за собир и состанок. Партиското собрание, согласно статутот на партијата, е закажано за во сабота во ресортот Буши во 13:00 часот“ – се вели во реакцијата на Алијасна на Албанците.
Доколку има обид да се претстави оваа средба како Централно собрание, тогаш дел од партиските членови ќе го сметаат за нелегитимно, бидејќи статутарно, Собранието е закажано за во сабота, велат од седиштето на партијата, кое е под контрола на претходниот лидер на партијата и актуелен претседател на Централното собрание на Алијансата Зијадин Села.
На Централното собрание в сабота треба да се донесе одлуката дали партијата ќе настапува самостојно на парламентарните избори, како што предлага Села, или пак во коалиција со опозицискиот Европски сојуз за промени, како што предлага лидерот Таравари.