Полицијата во Србија уапси двајца украински државјани во чиј автомобил на граничниот премин Градина во нивниот автомобил пронашла 77.950 евра и 185.500 американски долари, соопшти српското Министерство за внатрешни работи.
Тие се уапсени О.Ш. (49) и О.К. (39) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело перење пари, се додава во соопштението.
Од полицијата велат дека парите се пронајдени под седиштето на автомобилот, а се сомневаат дека дошле од криминална активност.
На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа, а со кривична пријава ќе бидат изведени во надлежното обвинителство.