Северноамериканската воздушно-вселенска одбранбена команда (НОРАД) соопшти дека детектирала и следела четири руски авиони во зоната на Алјаска.
НОРАД наведе дека руските авиони останале во меѓународниот воздушен простор и не го нарушиле воздушниот простор на САД или Канада.
Алјаска е дел од САД од 1959 година. Првите населби ги населиле Руси, но поради тогашните проблеми во Русија, тие биле принудени да ја продадат територијата на САД.