More

    Протестот со трактори на германските земјоделците кои се противат на укинувањето на даночните олеснувања за дизелот што го користат, денеска го поремети пристапот до аеродромот во Франкфурт

    spot_img

    Протестот со трактори на германските земјоделците кои се противат на укинувањето на даночните олеснувања за дизелот што го користат, денеска го поремети пристапот до аеродромот во Франкфурт, соопшти полицијата.

    „Сообраќајот околу аеродромот е пореметен. Се замолуваат луѓето кои одат на аеродромот да користат јавен превоз“, соопшти полицијата во Франкфурт преку социјалната мрежа Х.

    Полицијата не соопшти колку трактори делумно го блокираат приодот до најголемиот аеродром во Германија, но весникот „Билд“ пренесува дека ги има околу илјада.

    Аеродромските власти преку својот веб портал ги советуваат патниците да планираат повеќе време за пристигнување, и посочуваат дека редот на летање не е нарушен.
    Германија во изминатите денови е погодена од повеќе протести. Неколку аеродроми беа парализирани во четвртокот поради штрајкот на безбедносниот персонал за да се изврши притисок врз колективното договарање во секторот.

    Синдикатот на пилотите Дискавер, филијала на германската авиокомпанија Луфтханза, повика на нов 48-часовен штрајк во недела и понеделник.

    Пилотите бараат воведување нов систем за плати и регулативи за часовите на летање и времето за одмор.

    Минатата недела земјата беше погодена и од повеќедневен штрајк на машиновозачите на јавното железничко претпријатие Дојче Бан.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img