More

    Османи најавува компензација за сите што имаат важечки пасоши, а се принудени да вадат нови

    spot_img

    Министерот за надворешни работи Бујар Османи посочи дека од 12 февруари патните документи со старото име нема да важат. За граѓаните кои треба да се вратат во државата, а не ги смениле документите, тој напомена дека треба да бидат во комуникација со дипломатско конзуларните претставништва, преку кои ќе бидат упатени за понатамошна постапка.

    Тој нагласи дека се гледа и можноста за рефундација.

    – Јас пред неколку дена бев искритикуван затоа што бев брутално искрен со граѓаните. Реков да не ги лажеме граѓаните бидејќи Преспанскиот договор не може да се смени. Лидерот на опозицијата велеше дека ќе достави претставка до Уставниот суд, за потоа да дојдат до тоа што јас го кажав дека треба да се реорганизираме за да им помогнеме на граѓаните. Ќе има дежурна екипа во Министерството којашто ги прифаќа тие телефонски повици, нека се јават на тој број, ние ќе ги упатиме, ќе им укажеме што треба да направат – рече вечерва Османи во своето гостување на ТВ21.

    На прашање дaли во моментот има такви повици, Османи посочи дека има, но очекуваат да се зголемат како се приближува рокот.

    Тој потврди дека од 12 февруари патните документи со старото име нема да важат. Како што рече, Грција ги има информирано сите држави, дека тој пасош е неважечки.

    – Ние веќе се реорганизираме во МНР. Имавме комуникација со сите дипломатско конзуларни претставнишатва, праќаме луѓе на испомош, се организираме на двосменско работење за да им излеземе во пресрет на тие што ќе имаат потреба да се вратат во државата и да бараат патен лист – додаде Османи.

    Тој рече дека новиот премиер на првата седница формирал работна група за да се изнаоѓаат решенија коишто се развија во неколку сценарија, од можноста државата да компензира за тие кои имаат важечки пасош а заради договорот треба да ги сменат, до можноста за реорганизирање на службите.

    – Се разгледува и опција за рефундација. Ова беше на првата седница на Владата, на барање на премиерот Џафери и ние сега како работна група од министри треба да му реферираме на премиерот за нашите предлози како сметаме дека може да им се излезе во пресрет на граѓаните – додаде Османи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img