Руското Министерство за одбрана тврди дека нивните сили во текот на ноќта погодиле 1.053 украински воени објекти, пренесува Би-Би-Си.
Министерството за одбрана утрово во објава на Телеграм соопшти дека уништило 106 артилериски позиции и соборило шест украински беспилотни летала.
Во извештајот се тврди дека руските сили погодиле 73 воени средства на Украина, меѓу кои: четири командни места; 57 области каде е стационирана воела сила и опрема; седум контролни точки и четири складишта за муниција; шест тенкови и девет оклопни возила и едно оружје со батерии со хаубица Msta-B.
Се додава дека во високопрецизен ракетен напад загинале до 40 лица украински воен персонал и дека се уништени седум единици на воена опрема.
Вооружените сили на Руската Федерација соопштија дека ја продолжуваат „специјалната воена операција во Украина“, како што тие ја нарекуваат инвазијата.